Friday, January 6, 2012

Blla Blla Blla... "Lamtumirë" (2011)

За музиката важи дека таа е универзален јазик. Ако нотите се умешно поставени, зборовите пред нив се излишни. Иако Blla Blla Blla пејат на јазик за мене непознат - албанскиот, за среќа, нивната музика ја има таа моќ да ги сруши јазичните бариери и да ме однесе во чудни, за мене непознати, возбудливи светови.
Вовед во нивниот последен албум Lamtumirë е песната Mustafa Kairo, духовит надреален валцер ритам што уште од самиот почеток комплетно хипнотизира. Повторливите тонови предизвикуваат состојба на транс и зашеметеност. Бендот успева да не натера да го исклучиме за миг светот околу нас и да влеземе во нивната приказна, надреална како сон. Kjut i bie ја зголемува брзината и главниот збор го дава на виолината. А таа блеска и ја бои музиката со прекрасни тонови. Заведува и плени. The bla bla повторно ја потсмирува топката. Песната наликува на подлога за раскажување приспивни приказни на мали деца. Како таму некаде, помеѓу звуиците, да се кријат некакви чудни суштества и магични шуми.
Всушност, музиката на целиот албум предизвукува надреални ментални слики.Чудни пејзажи на зајдисонце кои оживуваат под допирот на нотите. Таква е и Lamtumirë, како подвижна слика на оркестрар на брод кој заминува кон хоризонтот, додека екипажот облечен во совршено испеглана униформа мавта од палубата во ритамот на музиката. За среќа, со оваа песна не се збогуваме со албумот. Следи Inkurtulig која одлично се надоврзува на првата со нејзиниот влацер ритам и не одлулкува надвор од оваа чудна и прекрасна приказна, на тој начин умешно заокружувајќи ја приказната.

И додека излгувам од овој сон, влегувам во еден нов, малку поблизок до реалноста. Влегувам во сон во кој младите македонски музичари, наместо да црпат инспирација за нивната музика од истрошените тезга бендови, творат инспирирани од музика налик оваа на Blla Blla Blla. Модерна, прогресивна музика што не познава ни жанровски ни национални граница и припадности. Па не е веројатно до толку неостварливо тоа...

извор: plagij.at

1 comment:

Admin said...

превземи од megaupload:
http://www.megaupload.com/?d=IYTO1XLX