Tuesday, July 14, 2009

Леб и Сол "Live in Macedonia" (DVD) [2006]

DVD изданието LIVE IN MACEDONIA е направено од воведните два концерта во Битола и Охрид има историско значење за групата (исто како и тие два концерти) бидејќи на него се забележани моментите од големиот COME BACK. Иако во самата свирка можам да забележам доза на нерасвиреност во контраст со формата која ја имаа на скопските концерти сепак DVD изданието е екстра важен документ не само заради историското значење туку и заради самата содржина.