
Тројката Suns, Ѓокица Зафировски – гитара и вокал, Саша Павловиќ – бас и Андреј Анастасов – тапани, се устоличи кон крајот на 1991 година, спонтано, откако повеќе намерни и случајни музичари се обидоа да ги поделат енергиите и идеите, да ги прекрстат гитарите со ритамот за да ги преточат својот збор и мисла за своето опкружување, стравовите, надежта, височините и длабочините на урбаниот живот, крахот на цели вредносни системи и општества, влијанија од глобализмот и космополитизмот, осаменоста и љубовта, во песни за модерната македонска денешница.