ПМГ Рекордингс продолжува со својата неуморна мисија за издавање и промовирање на современата македонската музика.
На ред е 45-тото издание, екстендед плеј сингл на еден од највозбудливите нови македонски алтернативни бендови - Д Џон - наречено исто како и бендот. Изданието се состои од 6 композиции и вкупно трае 33 минути. Снимано е на различни локации низ Скопје од 2007 до 2010, а освен Љупа Ангелов кој се јавува како главен автор на музиката и текстовите, инволвирани се и некои култни андерграунд личности од скопската сцена: Диме Петров, Антонио Дојчиновски, Мирко Попов, Дарко Тасевски.
13 hours ago